Охриѓанец физички нападнал вработен во агенција за обезбедување во угостителски објект во Охрид

На 06.06.2022 околу 18 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, Ј.С.(48) од Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон вработените а потоа и со физички напад извршен врз С.А.(34), вработен во агенција за обезбедување. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Извор: СВР Охрид

