Охриѓанец физички нападнал вработен во агенција за обезбедување во угостителски објект во Охрид

- Локални
294

На 06.06.2022  околу 18 часот, во угостителски објект лоциран на улицата „Јане Сандански“ во Охрид, Ј.С.(48) од Охрид, го нарушил јавниот ред и мир со агресивно и непристојно однесување кон вработените а потоа и со физички напад извршен врз С.А.(34), вработен во агенција за обезбедување. Напаѓачот е приведен и против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари