Охриѓанецот Леонид Тодороски дел од македонската екипа на годинешната Балканска Олимпијада по математика
Охриѓанецот Леонид Тодороски ќе биде дел од македонската екипа на годинешното издание на Балканската Олимпијада по математика.

Покрај Леонид, во екипата се и Дамјан Давков, Алексиј Тасиќ, Јан Стојановски, Никола Цветаноски и Емилија Николовска.
Талентираниот охриѓанец неодамна со максимален број бодови – 100, го освои првото место и на државниот натпревар по физика.
извор: ОхридПрес
фото: архива

