Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Струга за денеса најави протест, за како што велат , спас на иднината на Македонија .
,,Само единствени, сите заедно можеме да се избориме против уништувањето на ова парче земја.
Македонија и македонскиот јазик и идентитет се вечни како каменот и нив никој не може да ги уништи! Со идентитетот, нема пазарење! Сега, за да не биде предоцна!“ – стои во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ Струга.
Од партијата додаваат дека протестот ќе се одржи со автомобили, денеска, 4.12.2020 година (петок), со почеток во 18:00 часот од збирното место: стадион на ФК Караорман.
Од ВМРО-ДПМНЕ Струга ги замолуваат сите граѓани кои ќе учествуваат на најавениот протест да ги почитуваат сите мерки за заштита од вирусот ковид 19.
Facebook Коментари