Онлајн промоција на збирката раскази ,,Прстен и парфем“ од новинарот и писател Мишо Китаноски

- Локални
774

Приказни легенди е новата книга „Прстен и парфем“ од новинарот Мишо Китаноски, во издание на „Арс Либрис“. Станува збор за книга која е составена од седум различни приказни и легенди. За тоа, што ја натерало мис Елен Стон да го подари мајчиниот прстен? Како се спасил од стрелање Мирослав Крлежа и зошто доктор Арчибалд Рајс посакал неговото срце да почива на Кајмакчалан? Како стигнала Сара Бернар да им пее на војниците пред да тргнат на Македонскиот фронт во Солун? Што ја спречувало Мара Бунева да го повлече чкрапецот и да убие? Како сталинизмот бил поразен на писмена работа по мајчин јазик? Дали со козите на Лазар Колишески почна иселувањето на македонските села?

Авторот одговараше на големиот број прашања поставени од слушателите и присутните на онлај нплатформата, Мишо, дава свој, до некаде фиктивен одговор за збирката раскази, која беше промовирна на фејсбук страницата.

Како професионален новинар од 1967 година, имав можност да влезам во сите села и градови и да разговарам со стари луѓе. Приказната „Мис Стоун“ ја слушнав во 1969 година во Берово, а ми се потврди 1971 година во Струмица, каде ми ја раскажа припадник на нејзината верска организација – истакна Мишо Китаноски на онлајн промоцијата.

Авторот вели дека сакал да раскаже приказна за луѓе кои дошле да живеат во нашата земја и оставиле дел од својата душа. Китаноски посочува дека пишувањето е најтежок занает на светот, но и дека најчесто животот ги пишува романите.

Мишо Китаноски е роден во Вевчани. Бил новинар, уредник и главен и одговорен уредник на весници, ревии и списанија. Ги обЈавил книгите: Сите деца се исти и Џамлии и лифтови (песни за деца), Потпис: Сандра (поезија за возрасни ) и „Летописи за македонските села“) приказни и рецензии), како и публистички изданија: „Бела книга – црно писмо: македонски индекс на забранети дела“. „Пиринска историска вистина“ и „Децата бегалци од Егејска Македонија во Југославија“, а приредил и неколку зборници. Неговите прилози се застапени во буквари, читанки,прирачници и антологии, а неговите дела се преведувани на англиски, руски, бугарски, романски, албански, словенечки, српски и други јазици. Според негови сценарија се снимени и емитувани повеќе од десет ТВ – документарни филмови. Живее и пишува на релација Скопје-Вевчани и обратно, каде што пензионерските денови ги минува, и што неуморно твори и во третата доба.

Текст и фото: Стојан Кукунешоски

Facebook Коментари