Online премиера на претставата „Ај да си речиме уште една“

- Локални
584

Народен театар Охрид продолжува со негување и прикажување на драмската уметност.

Утревечер со почеток во 21:30 часот на YouTube каналот на охридскиот народен театар премиерно ќе биде прикажана претставата „Ај да си речиме уште една“ во режија на Андреј Цветановски.

Претставата раскажува за творештвото на еден народ кое секогаш претставува богатство што се чува и негува, показ и доказ за цивлизацијата што се развива во еден регион, белег за одликите и навиките на еден народ. Претставата изобилува со многу комични елементи, со многу стари народни песни познати на пошироката публика.

Улогите ги толкуваат:
Ристо Букваро-Горан Стојаноски
Митра Бајачката-Јасмина Билаловиќ
Коле Аџамија-Никола Тодороски
Коце Берберот- Стрезо Стаматовски
Трена-Адријана Билаловиќ
Гоце Делчев-Ивица Цонев
Каранфила меанџиката-Билјана Билаловиќ и
Осман бег-Игор Георгиев.

Оваа претстава својата премиера  ја имаше  во декември  2011-та  година и  стекна  голема популарност.

Strugaonline

 

Facebook Коментари