ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга објави училишен конкурс на тема „Св. Климент Охридски – градител на верата, јазикот и културата“
ООУ „Браќа Миладиновци“ Струга објави училишен конкурс на тема „Св. Климент Охридски – градител на верата, јазикот и културата“.
Со цел да го промовираат творештвото и креативноста кај младите, објавуваат конкурс на тема „Св. Климент Охридски“, и тоа:– Ликовен конкурс:
За ученици од 3 до 5 одделение
За ученици од 6 до 9 одделение
– Поетски конкурс:
За ученици од 6 до 9 одделение кои го изучуваат македонскиот јазик како мајчин
За ученици од 6 до 9 одделение кои го изучуваат македонскиот јазик како немајчин
Личните творби (ликовни и поетски) учениците да ги достават до класниот раководител, творбите треба да бидат со шифра, да се стават во плик, во кој покрај творбата, учениците ќе стават и друг плик во кој ќе го напишат своето име и презиме.
Краен рок за пријавување е 01.12.2025 година а најдобрите дела ќе бидат изложени и наградени.
StrugaOnline

