ООУ ,,Браќа Миладиновци“-Струга со приредба го одбележа Денот на македонскиот јазик

- Локални
1046

Денеска во ООУ ,,Браќа Миладиновци“ во Струга се одржа приредба по повод 5 мај – Денот на македонскиот јазик. На настанот учествуваа ученици од IV до IX одделение: училишниот хор и оркестар, фолклорната група и група за модерен танц, како и ученици кои рецитираа песни посветени на македонскиот јазик.

Учениците достојно му оддадоа почит на минатото и покажаа дека го знаеме и цениме македонскиот јазик, но истовремено и се обврзаа кон иднината – дека тоа што ни’ е дадено со традицијата и со кодификацијата не треба само да го чуваме, туку треба и да го негуваме и да го афирмирмираме и да го развиваме – за да може македонскиот јазик и понатаму да го следи и научниот и технолошкиот напредок, а истовремено да остане убав и наш – на него да пееме, да твориме и да живееме.

Нека ни’ е честит Денот на македонскиот јазик!

Strugaonline

Facebook Коментари