Лев банер Десен банер

ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга објави литературен конкурс на тема „Мој граду, ти благодарам за…

По повод Митровден – Денот на ослободувањето на градот Струга, ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга, објавува литературен конкурс на тема: „Мој граду, ти благодарам за…“
На конкурсот може да учествуваат ученици од V до IX одделение кои сакаат да ја изразат љубовта и гордоста кон својот град.
Творбата треба да биде напишана во форма на текст (воведен, главен и завршен дел);
долг околу 250 зборови, на литературен македонски јазик, да содржи личен став, чувство и креативен израз, да пренесува љубов, гордост и благодарност кон градот Струга, да има јасна мисла, оригиналност и уметнички израз. Дополнителен плус: употреба на убави стилски средства (метафора, споредба, епитет, поетичен тон).
Рок за доставување е до 05.11.2025 година кај предметните наставници по македонски јазик
или во училишната библиотека во централното училиште.
За најдобрите две творби следуваат вредни награди и јавно признание.
Изразете ја својата љубов кон Струга преку зборови – градот кој ни подарува инспирација, убавина и спомени, велат од ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга.

StrugaOnline

error: