Лев банер Десен банер

ООУ „Јосип Броз Тито” Струга се закитија со две медаљи на Државното првенство во Пливање за основни и средни училишта

Вчера во организација на Федерација на училишен спорт на Македонија се одржа Државното првенство во Пливање за основни и средни училишта на кое земаа учество 252 ученици од 63 училишта од нашата држава.

Оваа година за првпат и ООУ „Јосип Броз Тито” учествуваше со свои ученици – пливачи во различни дисциплини, но медали дома донесоа одличниот Јован Кутаноски, кој во категоријата 50м делфин го освои 3-то место и Бона Кукунешоска која во својата категорија го освои, исто така, 3-то место во дисциплината Градно.

„Јосип Броз Тито” како воспитно- образовна институција, покрај учењето тука е секогаш да го поддржи и спортот во кој учениците вложуваат максимално труд, љубов и добиваат одлични резултати. И денес, и во иднина секогаш ќе стоиме зад нашите ученици кои ќе имаат желба да нѐ претставуваат достоинствено и во најдобро светло.“ – изјавија од училиштето.

StrugaOnline

error: