ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца го прослави патрониот празник и шеесет години постоење на училиштето
ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца на 06.12.2024 година, го прослави патрониот празник на училиштето „Свети Климент Охридски“, но и шеесетгодишниот јубилеј од неговото постоење.

–Во текот на овие 60 години, нашето училиште стана симбол на знаење, вредности и континуиран развој! Нашиот колектив е посветен и трудољубив, а учениците, со својата интелигенција и талент, секојдневно го восхитуваат и се негова неисцрпна инспирација! Секој ученик во себе крие уникатна дарба која наставниците ја насочуваат и развиваат, училиштето секогаш ќе биде срце на општеството! – велат од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца.

–Ви благодариме на сите вас што присуствувавте на нашата прослава, вашето присуство беше уште еден доказ за силната поддршка која ни ја давате и која нѐ мотивира и во иднина да продолжиме да ги одбележуваме важните моменти и настани во рамките на училиштето, со цел да ја негуваме традицијата и заедничките вредности! – додаваат од ООУ „Св. Климент Охридски“ – Драслајца.

Исто така упатуваат срдечно благодарам за значајната поддршка до Центар за култура ,,Браќа Миладиновци” – Струга и директорката Розе Танческа, до Основното општинско музичко училиште – Струга, односно до директорот Алтин Зиба и наставниците Кирил Митрески, Зоран Павлески и Тони Арслан, до композиторот Дамјан Томоски, до фотографот Влатко Василевски, до г-дин Владо Ристоски – ,,Струга вет”, г-дин Трајан Далчески, г-дин Горан Ристовски, како и до г-ѓа Милена Спасеска.

За многу години! Да живее споменот за свети Климент Охридски!
StrugaOnline
