Фестивалот Охридско лето, што годинава се одржува под мотото „Патот до Магијата“ вечерва на програмата нуди вистинско уживање и за љубителите на музичката уметност, но од вечерва започнува и театарската програма.
Со почеток во 19 часот и 30 минути во Црквата Св Софија љубителите на операта ќе имаат можност да го проследат концертот на Дуња Симиќ, сопран од Босна и Херцеговина, во придружба на Снежана Поповиќ Вулета, пијано (Босна и Херцеговина).
На програмата вечерва е и театарска претстава „Жаби“ од Дубравко Михановиќ, во режија на Елмир Јукиќ, а во продукција на Камерни Театар 55, Босна и Херцеговина
Почетокот е закажан за 21:00 часот во предворјето на црква Св. Софија.
Извор: Strugaonline/Ohridskoleto.mk
Фото: Ohridskoleto.mk
Facebook Коментари