Општа болница- Охрид доби специјализирано амбулантно возило

- Локални
1130

Општата болница Охрид, денеска доби донација едно специјализирано амбулантно возило. Во посета на болницата, денеска беше Министерот за здравство, Венко Филипче, кој изрази  благодарност до Руски транс ДОО Охрид и Здружение за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите СОС-Балканмедиа, кои со личен пример покажуваат дека се општествено одговорни. „Помошта е секогаш добредојдена, особено кога е во прашањето здравјето на нашите граѓани.“-вели Филипче

Тој додава дека минатата година, во Општата болница Охрид се реализираа и нови 45 вработувања, со што оваа болница ги зајакнува капацитетите и ги подобрува здравствените услови и услуги.

Во рамките на посетата на Охрид, Филипче ги посети и пациентите кои се лекуваат во охридската болница.

Strugaonline

 

Facebook Коментари