Општина Охрид и оваа година го реализира проектот „Нашите првачиња“, по 3.000 денари за секое прваче
Втора година по ред Општина Охрид, преку програмата за основно образование успешно го реализира проектот „Нашите првачиња“.

На сметките на вкупно 467 родители/старатели на првачиња запишани во основните училишта во општина Охрид за учебната 2023/2024 година, исплатен е вкупен износ од 1.401.000 денари надополнет со износот на даночните обврски, односно по 3.000 денари за секое прваче.
– На првачињата им посакуваме среќни училишни денови и многу успеси. Инвестираме во поквалитетно образование, велат од Општина Охрид.
Strugaonline
фото: архива

