Општина Охрид oбјави јавен повик за субвенционирање на трошоци за комунални услуги за граѓаните кои се изложени на социјален ризик.
Субвенционирањето се однесува за периодот од 1-ви јануари до 31-ви декември оваа година.
Вкупниот износ на субвенција ќе изнесува 670 денари месечно, за секој корисник на субвенцијата и ќе биде составен од следните четири компоненети:
– Покривање на трошоците за потрошена вода за пиење до 320 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
– Покривање на трошоците за спроведување на отпад до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
– Покривање на трошоците за одведување на отпадни и атмосферски води до 150 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата;
– Покривање на трошоците за плаќање на гробна такса-гробарина до 50 денари за секој корисник на услугата, односно на субвенцијата.
Право да поднесат барање за субвенционирање на трошоците за комунални услуги од општина Охрид , имаат лицата со статус на:
– Корисник на социјална помош или
– Корисник на постојана парична помош или
– Невработен подолго од 12 месеци, а доколку корисникот е во брак, тогаш и неговиот брачен другар да е невработен.
Јавниот оглас ќе трае заклучно со 5-ти март годинава.
Извор: Општина Охрид
Strugaonline
Facebook Коментари