Општина Охрид објави пoвик за финансирање на проекти за локален развој и туризам

- Локални
852

Согласно Програмата за поттикнување на развојот на туризмот и Програмата за поддршка на локалниот економски развој за 2018 година, Општина Охрид објави јавен повик за финансирање на проекти од областа на одржливиот локален економски развој и туризмот за 2018 година.

Кандидати кои можат да аплицираат се здруженија на граѓани, месни и урбани заедници и субјекти кои се заведени во регистарот за категоризација на угостителски објекти за сместување кој го води Градоначалникот на општина Охрид и даватели на услуги во руралниот туризам со седиште во општина Охрид како матична општина каде и ќе се спроведуваат проектните активности.

Повеќе информации за повикот, начинот на пријавување како и процедурите кои треба да се следат заинтересираните можат да најдат на интернет- страната на општина Охрид.

Strugaonline

Facebook Коментари