Општина Струга: 90% од активностите за новиот цевковод се завршени

- Локални
984
Во текот на денешниот ден се изведуваат пробните aктивности  во системот за водоснабдување  во град Струга и селските средини. Од Општина Струга информираат дека  веќе се извршени 90% од работите со нов целовод,  8 нови шахти во интерес на што подобро снабдување со вода во градот и селата, замена на азбесните цевки и отстранување на дефектите.
-Овој систем понатаму  ќе се примени и во градската  и во руралната средина со што  отсега нема водата која влегува во градот да се пренесува во селата, туку се дели во првата голема шахта посебно, со ФИ 220 за руралните средини и со ФИ 600 за урбаниот дел.-стои во соопштението од Општина Струга.
Од таму додаваат дека овој проект се реализира со сопствени средства, односно од буџетот на Општина Струга. Тимот на општината изрази благодарност  до изведувачите и надзорот, но, како што велат,  престојат уште активности кои трба да бидат изведени квалитетно  за да добиеме што поквалитетна и количински повеќе вода.
Поради работните активности Струга е без вода од синоќа, водоснабдувањето беше прекинато во 22:00 часот, а според информациите од ЈП ,,Водовод и канализација“-Струга, прекинот ќе трае до вечерва во 20:00 часот.

Facebook Коментари