Општина Струга: Барање за поставување урбана опрема може да се поднесе најдоцна до 31-ви мај

- Локални
345
Согласно Програмата за поставување на урбана опрема на подрачјето на општина Струга за 2025 година со бр.4877/24 од 16.12.2024 година, обврзани сте да поднесете барање за определување на локација – за користење на јавен простор за поставување на урбана опрема за 2025 година.
Последниот рок за поднесување на документацијаа за користење на јавниот простор за поставување на урбана опрема е 31.05.2025 година.
Кон Барањето подесено на шалтер во општината потребно е да се достават следните документи:
– Барање (определен образец)
– Потврда за уплатени административни такси
– Потребна документација соглаасно Правилникот за определување на локации за поставување на урбана опрема за 2025 година.
Комплетираната документација за поставување на урбана опрема да се достави до Архивата на Општина Струга.
Барателот со барањето изјавува дека е согласен да бидат користени неговите лични податоци за потребите на Општина Струга за реализаација на постапката, и дека е согласен сите известувања во врска со постапката да му бидат доставени во писмена форма.

StrugaOnline

Facebook Коментари