Општина Струга дел од проектот на ЕБРД за собирање отпад
Општина Струга и ЈП Комунално Струга потпишаа договор за реализација на проектот „Набавка на опрема за собирање отпад и трансфер станици во југозападниот регион“, меѓу Министерството за животна средина (како купувач), компанијата Синпекс од Битола и Општина Струга (ЈП Комунално како корисник), во партнерство со ЕБРД за регионално управување со отпадот.
Според договорот, ЈП Комунално Струга добива 1235 подвижни контејнери со тркала, зелена боја, со капацитет од 120 литри, како прва транша од вкупно 8000 контејнери.Општина Струга останува посветена на чистотата и заштитата на животната средина, велат од Општина Струга.
StrugaOnline

