Општина Струга доби цистерна за миење улици
Во рамките на проектот „Справување со загадувањето на воздухот – фаза 2“, кој се реализира во партнерство со Амбасадата на Шведска во Скопје, УНДП и Општина Струга, вчера Општина Струга доби важна опрема за подобрување на чистотата и квалитетот на воздухот.
Општина Струга ја прими цистерна за миење улици (8м³) со топ вода, која ќе помогне за поефикасно одржување на урбаната хигиена. За ефективно користење на опремата, беше организирана кратка обука за вработените во ЈП „Комунално Струга“, кои ќе ја управуваат цистерната во наредниот период.Со овој донациски придонес и со обучениот тим од ЈП „Комунално Струга“, се очекува значително подобрување на урбаната хигиена и квалитетот на воздухот на град Струга.
StrugaOnline

