Општина Струга доби нова машина за чистење улици

- Локални
205
Општина Струга доби нова машина за чистење улици во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот – фаза 2“.
Во рамки на проектот „Справување со загадувањето на воздухот – фаза 2“, кој се реализира во партнерство со Амбасадата на Шведска во Скопје, Канцеларијата на УНДП и општините Струга, Струмица, Куманово, Кавадарци и Гостивар, денес на Општина Струга ѝ беше предадена машина за чистење улици од поновата генерација, производ на компанијата БРАКО од Велес.
Со цел ефикасно користење на машината, беше организирана кратка обука за вработените во ЈП Комунално Струга, кои ќе управуваат со неа во наредниот период.
Со оваа донација, и со обучениот тим од ЈП Комунално Струга, очекуваме значително подобрување на урбаната хигиена и квалитетот на воздухот во нашиот град, велат од Општина Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари