Општина Струга објави повик до сите евидентирани невработени лица, за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа.
„Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект “ Подобрување на квалитетот на образованието во претшколските установи и основните училишта во општина Струга -” за работно ангажирање со скратено работно време за период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Струга.“ – се вели во соопштението од Општина Струга.
Јавниот повик во целост можете да го најдете на следниов ЛИНК.
Strugaonline
Facebook Коментари