Oпштина Струга: Граѓаните да ги сликаат возилата што носат кучиња- скитници во Струга и да пријават во полиција

- Локални
1062

По реакциите на граѓаните во врска со кучињата скитници, Општина Струга ги известува загрижените граѓани дека се преземени сите мерки за спречување и надминување на оваа ситуација.

„Невозможно е да се сместат преку педесет кучиња секој месец. Но, затоа ја следиме ситуацијата и работиме на решавање на овој проблем. До сега успеавме да сликаме неколку возила со регистарски таблички од други градови кои носат кучиња-скитници во Струга. Ваквите случаи ги пријавивме во ПС-Струга.“ – информираат од Општина Струга.

Тимот на Општина Струга апелира до граѓани да ги сликаат ваквите возила и истите да ги пријават  до надлежните органи.

Strugaonline

фото: aрхива

Facebook Коментари