Општина Струга и ЈП Проаква со активности за подобра водоводна мрежа

- Локални
917

Градоначалникот на Општина Струга, Рамис Мерко и директорот на ЈП Проаква Струга, г-дин Jетон Шаќири, после неколку години интервенираа во водоводната мрежа за градот Струга.

„Со активирањето на новата мрежа ќе имаат корист многу граѓани на Струга, а посебно жителите на улиците Ристо Крле, Глобочица, ЈНА , Партизанска како и останатите делови од градот.

Вреди да се спомне дека преку оваа инсталација со вода ќе бидат снабдувани населбите Мислешево и Мороишта , но и дека од истата мрежа корист ќе имаат околу 30% од градот.“ – стои во соопштението од Општина Струга.

Strugaonline

фото: Oпштина Струга

Facebook Коментари