Лев банер Десен банер

Општина Струга ја поддржа кампањата „Крени глас против врсничко насилство“

Општина Струга ја поддржа кампањата „Крени глас против врсничко насилство“, реализирана од „Макпетрол“ како општествено одговорна компанија.
На едукативната работилница учество зедоа педагошко-психолошките служби од сите основни и средни општински училишта од општина Струга, наставно образовен кадар и родители.
-Да делуваме заедно, институциите, наставниот кадар, учениците и родителите, против зголемената појава од емоционално, психичко и дигитално малтретирање!
Да ја подигнеме свеста за толеранција, емоции и емпатија, кои се фактор и клуч за превенција од насилно однесување, истакнаа организаторите на настанот.

StrugaOnline

error: