Лев банер Десен банер

Општина Струга: Ќе се гради современо стационарно прибежиште за кучињата скитници

Денес во кабинетот на Градоначалникот на Општина Струга се одржа работен состанок со претставници од Агенцијата за храна и ветеринарство, ЈП „Комунално“ – Струга и Секторот за инспекциски надзор, каде што се дискутираше за итноста на решавањето на проблемот со бездомните кучиња.
На состанокот беше констатирано дека изградбата на современо стационарно прибежиште беше оценета како најдобро, најхумано и најфункционално решение за кучињата скитници.
Од Општина Струга велат дека остануваат посветени на преземање конкретни чекори за конечно надминување на овој проблем, во интерес на граѓаните и на животните.

StrugaOnline

error: