Општина Струга ќе учествува на саемот за туризам во Приштина, поканети се сите хотелско-туристички субјекти од Струга

- Локални
408
Општина Струга ќе учествува на саемот за туризам “ITF Kosova“ во Приштина, од 16 до 18 март 2023 година, за да ја претстави Струга како атрактивна туристичка дестинација и нејзината понудата за туристите кои ќе го посетат струшкиот  штанд на тој саем.
-Воедно, ги покануваме сите хотелско-туристички субјекти од Струга да учествуваат на тој саем, но доколку физички не се во можност, да нè снабдат со промотивни туристички материјали за понудата или за нивните сместувачки капацитети, за да можеме ние како општина да ја преставиме на нашиот штанд.-велат од Општина Струга.
-Имиџот на Струга како атрактивна дестинација мора да биде претставена секаде каде што е можно, затоа сите учесници во туристичките и хотелските активности мора да учествуваат во оваа насока. Ве молиме за подетални информации обратете се во Одделението за туризам на општина Струга.-додаваат од Општината.
Strugaonline

Facebook Коментари