Општина Струга обезбеди училишен материјал за Центарот за ран детски развој во Лабуништа

- Локални
1190

Претставници од Општина Струга, заедно со советникот Мурат Шабани од село Лабуништа, го посетија Центарот за ран детски развој во село Лабуништа.

Овој проект во вид на градинка – (претшколска) беше предложен  како барање од страна на жителите на неколку села во Општина Струга, после завршувањето на пилот – проектот од страна на УНДП.

„Градоначалникот на Општина Струга, оправдувајќи ја потребата за претшколско образование во неколку села, со само-иницијатива и само- финансирање од буџетот на општината ја продолжи работата која беше започната една година порано. Денеска, советникот Мурат Шабани заедно со претставници од Општина Струга доделија училишен материал за децата кои се дел од овој центар. Овој проект нема да заврши тука, ќе се продолжи и со поголеми димензии во иднина.“ – велат од Општина Струга.

Strugaonline

фото: Општина Струга

Facebook Коментари