Општина Струга објави јавен повик за субвенционирање на занаетчии
Општина Струга објави јавен повик за субвенционирање на физички лица – занаетчии кои се занимаваат со изработка на ракотворби, заради промоција на туризмот на Струга

Право на учество на овој јавен повик имаат сите физички лица – занаетчии, кои дејствуваат на територијата на Општина Струга, се занимаваат со одредени занаети (рачна изработка на производи или услуги што бараат специфични работни вештини), а се дел од еснафи (здруженија на занаетчии).
Средствата се наменети за поддршка на занаетчиите кои, преку своите традиционални ракотворби, ја отсликуваат културната историја и идентитетот на заедниците во Струга, претставуваат значајни носители на културното наследството, а нивните уникатни производи истовремено придонесуваат како атрактивна туристичка понуда и како важен фактор за развој на локалната економија. За таа цел, Одделението за туризам предвидува доделување субвенции.
Износот на субвенционираните средствата кој ќе биде доделен на физичките лица – занаетчии изнесува 150.000,00 денари, според Програма Г-2 (Туризам), конто 464990, а кои ќе се распределат пропорционално подеднакво според конечниот број на поднесени валидни барања за субвенционирање.
Физичките лица – занаетчии, аплицираат однсно доставуваат барање на посебен образец кој е достапен во шалтерот на општинската администрација, заедно со друга пропратна документација.
Потребни документи за аплицирање се:
– Барање,
– Копија од лична карта,
– Трансакциска сметка,
– Потврда или извод за регистрирана дејност занаетчиство,
– Друга документација.
Потребната документација се доставува на шалтерот на општинската администрација најдоцна до 10 декември 2025 година.
Напоменуваат дека нецелосната документација или барања со документација доставени по истекот на рокот нема да бидат разгледувани и ќе се сметаат за невалидни. За потврда на веродостојноста на податоците ќе се изврши проверка во Одделението за туризам, како и во Секторот за финансиски прашања на Општина Струга. Посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струга ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на одобрени барања. Секторот за финансиски прашања на Општина Струга, со посебни решенија ќе изврши исплата на средствата по овој јавен повик на сметките на барателите.
StrugaOnline

