Општина Струга објави јавен повик за враќање на уплатената такса за привремен престој за 2024 година за сите физички лица даватели на услуги за сместување туристи.

Право на учество на овој јавен повик имаат сите физички лица даватели на услуги за сместување на туристи кои се категоризирани на територијата на Општина Струга кои уплатиле такса за привремен престој од 01.01.2024 заклучно со 31.12.2024 година.
Правото на учество на овој јавен повик се докажува со уплатница/извод од банка за извршената уплата на средства на сметка на Општина Струга.
Со цел поддршка на угостителските капацитети за сместување туристи на територијата на Општина Струга, особено на физичките лица кои даваат услуги за сместување туристи, Одделението за туризам предвидува враќање на таксата за привремен престој (туристичка такса) директно на овие субјекти кои во 2024 година ја имаат уплатено горенаведената такса.
Износот на средствата кој ќе биде доделен на физичките лица даватели на услуги за сместување на туристи е 80% од вкупниот износ на уплатените средства на сметка на Општина Струга (на име: комуналната такса за привремен престој, уплатна сметка 840-165-03205, приходна шифра и програма 717111-00).
Физичките лица даватели на услуги за сместување на туристи кои уплатиле такса за привремен престој (туристичка такса) во 2024 година на сметка на Општина Струга, доставуваат барање на посебен образец кој е достапен на шалтерот на општинската администрација.
Потребни документи за аплицирање:
– Барање
– Доказ за платена такса (уплатница/извод од соодветна банка на уплата)
– Трансакциска сметка за физичките лица.
Потребната документација се доставува на шалтерот на општинаската администрација најдоцна до 30 јуни 2025 година.
Барањата за враќање на износот на уплатената такса за привремен престој (туристичка такса) од сите физички лица даватели на услуги за сместување туристи ќе се разгледуваат поединечно, а ќе се одбијат оние кои нема да ги исполнуваат условите по овој јавен повик.
За потврда на веродостојноста на податоците за физичките лица (за уплатената такса) ќе се изврши проверка во Секторот за финансиски прашања на Општина Струга.
Посебна комисија формирана од Градоначалникот на Општина Струга ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви листа на одобрени барања.
Секторот за финансиски прашања на Општина Струга, со посебни решенија ќе изврши исплата на средствата по овој јавен повик на сметките на барателите.
StrugaOnline
Facebook Коментари