Општина Струга потпиша договор за изградба на филтер за пречистување на водата за пиење во Подгорци

- Локални
1141

Градоначалникот на Општина Струга, Г-дин Рамис Мерко потпиша договор за изградба на филтер за пречистување на водата за пиење во село Подгорци.

„Оваа инвестиција на Општина Струга чини околу 2,5 милиони денари и ќе послужи за да ги задоволи потребите на жителите на селото, кои до сега немаа пристап до чиста вода што воедно претставуваше и опасност по нивното здравје.“ – стои во соопштението од Општина Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари