Општина Струга потпишува договор за соработка со Универзитетскиот Колеџ Бедр

- Локални
761

Вчера во просториите на Општина Струга, претставници на општинската администрација и директорот на МЈП “Проаква” одржаа средба со Проф. Др. Фердинанд Ѓана – Ректор во Университетскиот Колеџ Бедр.

Состанокот имаше за цел склучување на договор за соработка помеѓу двете институциите во областа на образованието, размена на искуства на студентите, реализација на практична работа како и други меѓугранични соработки во рамките на ИПА-фондовите.

“Општина Струга има две јавни средни училишта и едно приватно. Едно од јавните училишта кое е именувано “Др. Ибраим Темо” е основано од страна на сегашниот Градоначалник на Општина Струга”, истакна Шаќири.

Г. Ѓана ги претстави сите програми кои ги нуди Университескиот Колеџ Бедр, разни видови на стипендии и соработки со неколку општини од Албанија и Косово.

„Општина Струга е отворена за секаква соработка и е подготвена за реализација на нови проекти во иднина.“ – информираат од Општина Струга.

Извор и фото: Општина Струга

Facebook Коментари