Општина Струга продолжува со реализирање на предвидените проекти

Општина Струга продолжува со реализирање на проектите предвидени за градот Струга. Изминатиов период интензивно се работи на уредување на кејот на реката Црн Дрим. Се врши санација и реставрација на оштетените места покрај кејот на реката.

Од Општина Струга им се заблагодаруваат на сите работници и мајстори, кои не застанале со работа и во ниски температури, за работата да се заврши навреме. А за скоро време се очекува да имаме модерно шеталиште и кеј на Црн Дрим.

Деновиве Општина Струга, за прв пат после многу години, донесе одлука за една голема инвестиција во областа на безбедноста на патиштата. Веќе се обележани таканаречените неколку црни точки што се однесува на локациите каде што се констатирани собраќајни незгоди, а каде што ќе се постават нови канделабри според најновите стандарди во сообраќајот. Ќе се инсталира нова мрежа за осветлување составена од 11 канделабри знаејќи го големиот број на сообраќајни незгоди на овај патен правец. Повеќе од овие патни правци не се во ингеренции на општина Струга, но како што велат од таму ќе направат се за подобрување на животот на граѓаните на Струга и струшко.

