Oпштина Струга: Се преземаат мерки за да не се повтори проблемот со депонијата
Се преземаат сите мерки за во Струга да не се повтори проблемот сo спалувањето на депонијата што беше голем проблем минатата година. – информираат од Општина Струга.

„Денеска и во наредните денови почнаа да се преземаат мерки за да се осигура дека депонијата е безбедна се со цел оваа туристичка сезона да се пречека поинаку од изминатите четири години. Наскоро ќе биде ставен во употреба и и пунктот за собирање на ѓубрето и неговата обработка кој е веќе подготвен“ . -информираат од општината.

Сите граѓани на Струга и дури и дијаспората беа сведоци на ланската ситуацијата каде што чадот од спалената депонијата не престануваше.
„На поранешната влада, покрај придобивките од тендерите, дијаспората и граѓаните на Струга им беа само од корист кога стануваше збор за пари , а загадениот воздух не им беше битен.“ – велат од прес-службата на Општина Струга.
Strugaonline

