Општина Струга се приклучи на барањето на туристичкиот сектор недела да биде работен ден во Струга

- Локални
1150
Општина Струга и градоначалникот Рамис Мерко се приклучуваат кон барањето на туристичкиот сектор, гастрономите, кафе баровите и дуќанџиите за недела да биде работен ден во туристичките градови, односно во Струга.
-Барањето се адресира до Министерство за eкономија, односно до Владата на Република Северна Македонија, за да се донесе решение за горенаведените бизниси за недела да биде работен ден, како посебна гранка за туристичката сезона. Струга е град кој зависи од летната сезона, така што, недела неработен ден сериозно ќе го загрози и негативно ќе влијае на локалниот економски развој и пошироко.Очекуваме посета на министерот за економија и заеднички да разговараме за изнаоѓање на решение кое ќе ги задоволи потребите на граѓаните на Струга.-стои во соопштението од Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари