Градоначалникот Рамис Мерко и Општина Струга се приклучија во кампањата ,,Ги запознаваме ретките болести“.

,, Општина Струга цел февруари ќе осветли објекти, монумети и важни делови на градот. Оваа кампања ќе овозможи секој ден да запознаваме една ретка болест, начинот на дијагностицирање, третман и предизвиците со кои се соочуваат луѓето што живеат со неа.,, – соопштија од Општина Струга.
Постојат повеќе од 300 милиони пациенти, кои заедно ја создаваат заедницата на ретки болести ширум светот. Овие луѓе живеат со некоја од 8.000-те болести и се соочуваат со нееднаков пристап до дијагноза, третман и лекување. Да се биде редок не значи да си невидлив.
Facebook Коментари