Општина Струга: Сите физички и правни лица што поставиле урбана опрема без одобрение или решение од Општината, да ги измират обврските кон надлежниот орган

- Локални
1146
Oпштина Струга ги известува сите физички и правни лица што поставиле урбана опрема без одобрение или решение издадено од Општина Струга, да ги измират обврските кон надлежниот орган за користење на јавниот простор.
-Ова известување е направено врз основа на Програмата за поставување на урбанта опрема на територијата на Општина Струга со бр. 08-5371/11 од 29.12.2023. На сите лица што нема да постапат во согласност со ова известување, ќе им биде изречена парична Глоба врз основа на член 161-a и 161-б од Законот за градење, и тоа: Глоба во износ од 5.000 до 7.000 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на правно лице,  глоба во висина од 500 евра во денарска противвредност ќе му се изрече и на одговорното лице во правното лице. Глоба во износ од 250 евра во денарска противвредност ќе му се изрече на физичко лице.-стои во соопштението од Општина Струга.
Оттаму напоменуваат дека доколку физичките и правните лица не одговорат позитивно на ова известување,  Општината ќе биде приморана да ја отстрани (подигне) урбаната опрема, а трошоците за остранување ќе бидат на товар на работната единца,  правното и физичкото лице.
Strugaonline

Facebook Коментари