Општина Струга со покана до угостителите и туристичките работници за учество на Меѓународниот саем за туризам – УТК Приштина 2025

- Локални
126
Општина Струга со покана до угостителите и туристичките работници за учество на Меѓународниот саем за туризам – УТК Приштина 2025.
Општина Струга ќе учествува на Меѓународниот саем за туризам – УТК Приштина 2025, кој ќе се одржи на10 и 11 април 2025 година во трговскиот центар Приштина Мол.
-Ве покануваме да бидете заедно со нас, лично или преку ваши промотивни материјали.
Доколку немате можност да присуствувате, ве замолуваме да нѝ испратите промотивни материјали, кои ќе бидат распределени на штандот што е резервиран од Општина Струга, најдоцна до (понеделник) 7 април 2025 година, во Одделението за туризам во канцеларија бр.4 кај новата општинска зграда, велат од Општина Струга.

StrugaOnline

Facebook Коментари