Општина Струга со повик до туристичкиот сектор за учество на Саемот за туризам 2026 во Белград
Општина Струга ги информира сите субјекти од туристичкиот и угостителскиот сектор дека од 19 до 22 февруари ќе учествува на Меѓународниот саем за туризам 2026, кој ќе се одржи во Белград, во просториите на Belgrade Fair.
Учество на настанот се реализира со финансиска поддршка од Министерство за култура на Република Македонија, со цел институционална промоција на туристичката понуда на Струга пред регионалната и меѓународната публика.
По тој повод, од Општината упатуваат јавен повик до сите хотелиери, сопственици на пансиони, ресторани, туристички агенции, како и останати бизниси од областа на туризмот и угостителството, да достават промотивни материјали – брошури, каталози, визит-картички и друг вид рекламен материјал – кои ќе бидат изложени на претставничкиот штанд на Струга.
Целта на заедничкото претставување е достоинствена промоција на туристичкиот потенцијал на градот, зголемување на видливоста на локалната понуда и унапредување на соработката со партнери од регионот и пошироко.
Крајниот рок за доставување на материјалите е 17 февруари. Сите заинтересирани можат да ги достават материјалите во канцеларија бр. 4 – Одделение за туризам при Општина Струга, во рамки на редовното работно време.
Од локалната самоуправа ги повикуваат сите чинители во туристичкиот сектор да бидат дел од ова заедничко претставување и активно да придонесат во афирмацијата на Струга како атрактивна туристичка дестинација.
StrugaOnline

