Лев банер Десен банер

Општина Струга учесник на Саемот за туризам „ИТФ Косово 2026“ во Приштина

Општина Струга активно учествува на првиот ден од Меѓународниот саем за туризам „ИТФ Косово 2026“, каде се претстави со богата промотивна содржина насочена кон афирмација на туристичките вредности на градот.

Преку внимателно подготвени материјали, Струга ги презентираше своите природни убавини, културно-историското наследство и разновидната туристичка понуда, со цел да го зголеми интересот кај посетителите и тур-операторите од регионот и пошироко.

Од општината истакнуваат дека ваквите настани се значајна можност за зголемување на меѓународната видливост и позиционирање на Струга како атрактивна туристичка дестинација. Воедно, учеството на саемот претставува и платформа за воспоставување нови партнерства и продлабочување на соработката во туристичкиот сектор.

Општина Струга и понатаму останува посветена на развој на туризмот, со јасна цел – создавање одржливи можности за економски раст и привлекување на што поголем број домашни и странски туристи.

StrugaOnline

error: