Општина Струга учествува на Меѓународниот саем за туризам 2025 година во Приштина

- Локални
585
Општина Струга учествува на Меѓународниот саем за туризам во Приштина, организиран од Косовскиот туристички сојуз, кој трае од 10 до 11 април 2025 година.
На штандот на нашата општина ќе биде претставена туристичката понуда на Струга, како и понудата на повеќе општини од Југозападниот регион (Кичево, Дебар, Вевчани), како и Гостивар.
-Им благодариме на Претседателот на Советот на општина Струга, г-ѓа Арбреша Влаши, за присуството, како и на Амбасадата на Северна Македонија во Приштина, преку вршителот на должноста амбасадор г-дин Лирим Даци, велат од Општина Струга.
На овој саем учествуваа и дел од струшките хотелиери, за Б2Б средби, за да ја претстават својата понуда за сместување на туристите од Косово.

StrugaOnline

Facebook Коментари