Општина Струга: Успешно е реализиран проектот „Набавка на контејнери за погранични и ридско-планински села во Општина Струга“
Општина Струга ја информира јавноста дека успешно е реализиран проектот „Набавка на контејнери за погранични и ридско-планински села во Општина Струга“, финансиски поддржан од Биро за регионален развој преку Програмата за развој на подрачја со специфични развојни потреби.
Во рамки на проектот се набавени 44 контејнери за селектирање на пластика, со цел унапредување на системот за управување со отпад и поттикнување на еколошки навики во руралните средини, велат од Општина Струга.Додаваат дека контејнерите се веќе распределени во пограничните и ридско-планинските села согласно утврдените потреби на терен.
Вкупната вредност на проектот изнесува 520.000 денари, од кои:
–416.000 денари се обезбедени од Биро за регионален развој (БРР),
–104.000 денари се кофинансирање од Општина Струга.
Од Општина Струга велат дека продолжуваат со активности за подобрување на условите за живот, заштита на животната средина и развој на руралните подрачја.
StrugaOnline

