Во рамки на проектот за чистење на истекот на реката Дрим, извршени се ископувања со што длабочината на водата и брзината на водата се зголемени.
,,Ризикот за капачите е зголемен и поради тоа Општина Струга го забрани капењето во делот од пристаништето до дрвената брана и до Пливалиштето. Поставени се информативни табли со соодветни предупредувања за безбедност.,, -информираат од Општина Струга
Од таму ги замолуваат граѓаните и туристите сериозно да ги сфатат предупредувањата и да ја почитуваат забраната.
Strugaonline
Facebook Коментари