Општина Струга: Започна реконструкцијата на оската од кривината на село Калишта кон Хотел Изгрев

Општина Струга започна да работи на реконструкција и асфалтирање на оската на патот од кривината на село Калишта кон Хотел Изгрев, со должина од околу 1 км. Од општината информираат дека со оваа рекнструкција сообраќајот во овој дел ќе се развива без пречки.


„Воедно се поправуват и асфалтират дел од оштетените патиштата од с. Калишта до влезот на селото Радожда. За градот што го сакаме продолжуваме и понатаму со ваквите инвестиции.“ – додаваат од Општина Струга.
Strugaonline

