Општина Струга започнува акција за партерно уредување на дворни места, граѓаните да поднесат свои предлози

- Локални
888
Општина Струга, спроведувајќи ја програмата за зазеленување и уредување на градот, започнува нова акција која се однесува за партерно уредување на дворните места во рамките на урабанистичките парцели за колективно живеење.
– Од тие причини Општина Струга се обраќа до граѓаните , до регистрираните здруженија на станари или група на сосоптвеници на станбени згради, да поднесат барања со нивни предлози за тоа како треба да изгледа нивното дворно место. Кон барањето може да се приложат идејни скици со предлози за паркинг простор, пешачки патеки, ивичњаци, тревници, садници а истовремено и предлози за отсранување на монтажните објекти-лимени гаражи. Стручен тим во кој ќе учествуваат и самите граѓани ќе ги разгледаат ваквите барања и доколку треба ќе даде дополнителни сугестии.-информираат од Општина Струга.
Додаваат дека Општината  преку Советот на Општината ќе превземе обврска во разумен рок да пристапи кон реализација на сите прифатливи предлози.
Заентересираните, своите предлози ќе можат да ги достават реку општинскиот шалтер, до секторот за урбанизам во период од 01.01.2022 до 01.04.2022.

Facebook Коментари