Општина Вевчани е прогласена за прва македонска зелена дестинација

- Локални
775

Општина Вевчани е  прогласена за прва македонска зелена дестинација и влегува во ексклузивна група на туристички дестинации, кои поради своите природни и културни вредности се реткост во светски рамки.

-Вевчани е значајна туристичка дестинација, која како национален бренд е позната низ светот. Вевчани е заштитено подрачје во категоријата Споменик на природата поради своите зачувани, трајни природни вредности. На оваа низа епитети додаваме уште една: Вевчани е прва македонска зелена дестинација! Ова значи дека Вевчани влегува во ексклузивна група на туристички дестинации, кои поради своите природни и културни вредности се реткост во светски рамки.- објави градоначалникот Спасе Кочовски.
Тој најави дека во периодот што следува ќе се запознаваме со значењето на оваа титула.
Strugaonline

Facebook Коментари