Општините ќе формираат локални младински совети, градоначалникот Мерко на состанок за законот за младинско учество
Градоначалникот Рамис Мерко денеска преку Зум платформата учествуваше на онлајн работен состанок за Законот за младинско учество и младински политики.

-Состанокот беше организиран од страната на Агенција за млади и спорт и стратешкиот партнер Мисијата на ОБСЕ во Скопје, со цел запознавање на општините со процесот на формирање и реструктуирање на локалните младински совети, чекорите и статутарните измени согласно Законот за младинско учество и младински политики.- информираат од Општина Струга.

На состанокот, учесниците добија насоки како треба да работат општините и беа запознаени со идните чекори за формирање локални младински совети и потребни статутарни измени.
Strugaonline
