Општинскиот одбор на Сојузот на борци на Македонија – Струга одбележа 78 години од формирањето на првата македонска пролетерска бригада

- Локални
516

На 8 јуни, пред 78 години, во селото Локов, Струшка Малесија е формирана Првата македонска народно-ослободителна ударна бригада, подоцна прогласена за пролетерска. Во Струга и во други места каде што се водеше крвави борби за слобода на македонскиот народ и народностите во Македонија.

По тој повод во Струга, во чест на 78 годишнината од формирањето на Бригадата под мотото: Мир –Традиција-Иднина, Сојузот на борци 1941-1945 на Македонија – Општинскиот одбор на борците и подржувачите од Струга, на 8 јуни на Денот на формирањето на Бригадата, бројната делегација организирана во парови предводени од претседателот на боречката организација  Ајредин Мемеди, и потпретседателот Ванѓел Наумоски, граѓани и претставници од локалната самоуправа положија цвеќе на споменикот од НОБ и другите спомен обележја во Струга и на бистите на паднатите борци на кејот од реката Црн Дрим.

Борбениот пат на Бриигадата е мошне богат и инспиративен за формирањето на останатите бригади на подрачјето на Македонија и борбеното расположение и отпор во Егејскиот дел на Македонија, вкучуваќи го периодот на дејствување на Македонските баталјони во состав на Првата Македонска-Косовска бригада па се до завршните операции во ликвидирањето на фашистичкиот окупатор на Сремскиот фронт.

Бригадата борбено дејствува на подрачјето на Струшка Малесија и Дебарца. По борбите на „Кленоец“за одбрана на слободната територија и Богомилскиот поход, учествува во борбите за ослободување на Охрид, Струга, Дебар, Кичево и Гостивар, за потоа, со маршот под мошне тешки услови од Врање до Стара Пазова, во состав на 48 –та Дивизија, да се прослави во пробивањето на Сремскиот фронт.

Бригадата учествува во ослободување на Винковци и Славонска Пожега. Потоа во борбите за ослободување на Загреб, се до Целје и Дравоград, во чистењето од непријателските единици.

По враќањето учествува во чистењето на Босна од непријателските сили, за конечно на 20 –ти јуни 1945 година, повторно да се најде во Македонија, истакна претседателот Ајредин Мемеди.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Facebook Коментари