За утре во Струга е најавен протестен марш по повод трагедијата во Кочани, организаторите кои се струшки средношколци повикуваат утрешниот протест во Струга да биде мирен и достоинствен:

Исто така додаваат, присутните да се придржуваат до следните принципи:
– Мирен и достоинствен протест без провокации,
– Почитување на сите учесници и минувачи,
– На хамерите и транспарентите да нема партиски симболи, слогани или пораки поврзани со политички партии.
Наша сила е единството и заедничкиот глас – да го искористиме на најдобар можен начин.
Протестниот марш ќе започне во 12 часот пред Домот за Култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, ќе се оди преку чаршија па да заврши во паркот на поезијата.
StrugaOnline
Facebook Коментари