Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, во рамките на националниот проект за поголема безбедност во сообраќајот „Го сакам градот безбеден“, денеска ги реализира кампањите „Безбедно вози-без алкохол вози“ и „Мобилниот не е попаметен од тебе“.
Се работи за сообраќајно превентивни активности насочени кон возачите на моторцикли, патнички и други моторни возила со цел издигнување на сообраќајно-безбедносната култура кај оваа категорија учесници во сообраќајот, јакнење на совеста за одговорно учество во сообраќајот а посебно кај ранливата категорија како и севкупно подобрување на безбедноста во сообраќајот. Во рамките на кампањата се делеа едукативни материјали со пригодни совети за безбедно управување на возилата и моторциклите, носење заштитен шлем-кацига со посебен акцент на неопходнаоста од неконзумирање алкохол како посебен ризик фактор што ги намалува возачките вештини при учеството во сообраќајот. Посебно внимание се стави и на исклучителната штетност од користење мобилни за време на управување со возила и моторцикли што е причина број еден за одвлекување на вниманието кај возачите и причина за случени сообраќајни незгоди.
„Националната кампања „Го сакам градот безбеден“ во Охрид завршува утре со големо мото-дефиле „Носам кацига-легално е“ во која учество ќе земат членови на мото клубовите од Охрид и заинтересирани граѓани-мото рекреативци. Упатуваме отворена покана до сите нив да се приклучат во мото дефилето. “ – велат од Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.
Strugaonline
Facebook Коментари